Таа работи како модел, а заработените пари ги троши на пластични операции. Потоа, објавува фотографии на Инстаграм и не се срами да каже дека пари добива и од спонзори.
Аманда Ахола (21) од Финска е подготвена да направи буквално сè за да стане „совршена Барбика”. До сега за нејзината цел има потрошено преку 15.000 фунти, а сè уште не е ни блиску до целта. Само за нејзиниот нос потрошила 4.000 фунти, а секој месец прави ботокс и става филери на усните.
– Не е важно колку многу имам направено, бидејќи мене никогаш нема да ми биде доволно. Сакам да изгледам што повеќе пластично. Барбиката е совршена, а јас сакам да бидам блиску до совршеноста што е можно повеќе. Ништо не може да ме усреќи повеќе од тоа ако некој ми каже дека изгледам како Барбика – вели Аманда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.