Наташа Беквалац несомнено важи за една од најубавите жени на овие простори. Шеснаесет години се занимава со музика, а првиот албум „Не брини“ го објави во 2001 година. Во моментов е актуелна со материјалот „Оригинал“, кој го промовираше кон средината на оваа година, а наскоро планира да организира и свој солистички концерт во Скопје затоа што смета дека македонската публика заслужува такво нешто.
Во интервјуто за Вечер таа зборува, меѓу другото, и за статусот барбика. Новосадската џебна Венера вели дека не се доживува како кукла и вели дека епитетите од таков тип воопшто не и годат, затоа што приватно, според нејзините кажувања, многу повеќе потсетува на маж, отколку на жена.
-Многу мразам да се шминкам и дотерувам и не сум типична жена. На сцена изгледам онака како што изгледам затоа што за мојот изглед се грижат стилисти, но тоа што го гледате на телевизија и на настап сосема се разликува од мојот стил приватно, па јас најдобро се чувствувам кога сум облечена во широка маица и тренерки. Повеќе сум маж, отколку жена, така што со сигурност можат да потврдам дека не сум барбика.
фото: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.