| четврток, 6 декември 2018 |

Четири килограми марихуана пронајдени во стан во Тетово

Околу четири килограми марихуана открила тетовската полиција при претрес во стан во кој како потстанар живеело лицето А.Г. (32) од Тетово.

При претресот, кој бил направен по добиена наредба од Основен Суд Тетово, а по претходни оперативни сознанија на полицијата, во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, најлонско ќесе и во две зипер кеси, во кујната, ходникот и спалната соба.

Пронајдените предмети, заедно со дрогата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени и предадени на вештачење. А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претресот, како што соопшти денеска МВР, бил направен на 16 ноември годинава во периодот од 17.35 до 18.35 часот. Станот на А.Г. се наожал на улицата „14‘“ во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top