| четврток, 6 декември 2018 |

Семи Капланоглу, добитникот на „Златна мечка“ вечерва гостин на „Синедејс“

Добитникот на престижната награда „Златна мечка“ од Фестивалот во Берлин, турскиот режисер Семи Капланоглу, вечерва гостува на Фестивалот за европски филм „Синедејс“ кој завршува утре во Скопје.

Публиката во Скопје вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ ќе има чест да го запознае еден од најголемите европски режисери, а неговиот нов филм, „Пченица“ по фестивалот во Адана и Сараевскиот филмски фестивал, доаѓа на „Синедејс“.


Во неодредена блиска еднина, професорот Ерол Елин, генетичар за семиња, живее во град што со магнетни ѕидови е заштитен од мултиетничките емигранти. Од непознати причини, земјоделските плантажи во градот ги зафаќа генетска криза. На еден состанок во седиштето на „Новус Вита“, корпорацијата за којашто работи, Ерол слуша за Џемил Акман, колега генетичар, кој напишал теза за тоа како повторливата криза влијае врз генетски модифицираните семиња. Ерол тргнува на патување за да го најде. Патување што ќе промени сѐ што Ерол досега знаел“.

Претходно, во кино „Милениум“ во 17,30 часто е филмот „Пеле, раѓањето на една ѕвезда“.

Во оваа биографска драма е прикажан метеорскиот подем на Пеле, од предградијата на Сао Паоло, до предводењето на Бразил до неговото прво освоено Светско првенство во фудбал, на возраст од само 17 години.

Од 22 часот во „Милениум“ е филмот „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“.

Откако поминале неколку месеци без да се најде виновникот за смртта на нејзината ќерка, Милдред Хејс прави храбар чекор, поставувајќи три знака на влезот на нејзиниот град со контроверзна порака упатена до Вилијам Вилоби, почитуваниот градски шеф на полицијата. Кога се вмешува и неговиот заменик, полицаецот Диксон, незрело мајкино синче, борбата уште повеќе се разгорува.

Во кино „Фросина“ во 19 часот е филмот „Хармс“, а од 21  „Дејвид Линч, животот на еден уметник“
Во МКЦ

МКЦ во 22,30 часот концерт има Криста Бал. Таа е американска пејачка, композиторка, модел и актерка.
Професионално има соработувано со режисерот и композитор Дејвид Линч, откако двајцата се запознаваат во 1999 година и заедно издаваат два албума жанровски означени како dream pop.
Во нејзината прва телевизиска улога Chrysta Bell го игра ФБИ агентот Tammy Preston во новите изданија на Твин Пикс што се појавија во мај 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top