Слично како пред четири години, тешко оди формирањето на мнозинство во Советот на Општина Тетово. Тетовскиот совет има 31 советник, а за мнозинство се потребни 16. Најмногу советници има ДУИ – 9.
Конститутивната седница не донесе избор на претседател, а партиите се согласија дека им треба повеќе време да се договорат кој ќе ја раководи оваа институција.
Тетовскиот совет има 31 советник, а за мнозинство се потребни 16. ДУИ има девет советници, Беса шест, ВМРО- ДПМНЕ пет, четири советници имаат од Алијанса на Албанците. СДСМ и ДПА по 3 и една советничка има Демократската партија на Турците.
Градоначалничката Теута Арифи, инаку од редовите на ДУИ, смета дека нејзината партија и во иднина ќе биде дел од мнозинството.
-Не е постигнато решение, треба да се завршат сите состаноци и консултации. И сметам дека тоа брзо ќе резултира и со решение и со избор и добри одлуки за граѓаните на Тетово. Имаме мнозинство. Имаме повеќе партии и формираме квалификувано мнозинство за да ги поминеме сите битни решенија во Советот“, вели Арифи за Радио Слободна Европа.
Во редовите на СДСМ се повеќе убедени дека заедно со ДУИ ќе го имаат мнозинството за одлучување во Советот. Советникот Живе Алексовски смета на широка поддршка од другите партии.
– Да ние ќе бидеме дел од мнозинството. СДСМ, ДУИ, сметам дека ќе бидат и ДПА,и турската партија, односно советничката од Турците. Сметам дека сите ќе бидат во , ќе работат сите заедно. Да се консултираат партиите, да се консултираат меѓу себе во редовите на своите партии, сметам дека на наредна седница ќе се избере претседател на Совет“, вели за РСЕ Алексовски од СДСМ.
И советничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека СДСМ и ДУИ ќе формираат мнозинство.
-Се уште нема официјални информации за коалиција, освен она што може да го видиме како коалиција на овие избори помеѓу СДСМ и ДУИ. Сепак за мнозинство во овој Совет се потребни 16 советници. Сè што можам да кажам е на ниво на шпекулации. Најверојатно ќе има мнозинство и ќе бидеме сведоци на идната седница“, рече Александар Велјановски, советник од ВМРО- ДПМНЕ.
Во 2013 иако изборите се одржаа во април, Советот почна да работи дури во јули. Формирањето мнозинство и избор на претседател дојде дури по три месеци од конституирањето на Советот од страна на тогаш најбројните советнички групи на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?