| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на превојот Стража, сообраќајот се одвива на влажни коловози

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) предупредуваат дека на планинскиот превој „Стража“ има намалена видливост, од 20 до 30 метри поради магла и се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози, а во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен и нема подолги задолжувања на граничните премини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top