| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Ако сака во ЕУ, Србија мора да ги нормализира односите со Косово

Прерано е да се говори за тоа како ќе изгледа конечната нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, што е предуслов за членството на Србија во Европската Унија. Ова го изјави европскиот комесар за проширување на Унијата, Јоханес Хан.

-Тоа значи дека Србија мора да ги нормализира своите односи со Косово, а сега е прерано да се зборува како ќе изгледа тоа. Нормално, ова е еден од условите и погрешно е да се размислува дека сè зависи исклучиво од односот. Треба да бидат исполнети уште многу услови. Треба да се направи доста на полето на владеењето на правото. За многу други поглавја треба да се преговара и многу да се промени, изјави Хан во интервју за Радио Слободна Европа.

Запрашан дали тоа значи дека приемот на Србија во ЕУ би се совпаднал со завршокот на процесот на нормализација на односите со Приштина, Хан рече дека е точно сосема спротивното, односно дека нормализацијата со Косово е предуслов Србија да стане членка на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top