| четврток, 6 декември 2018 |

Функционер на СДСМ ја малтертирал новинарката Јоци на паркинг (видео)

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, објави дека членот на комисијата за здравство на СДСМ, Дејан Гацов, вчера и се заканувал дека ќе ја тепа на паркинг во Скопје. Јоци објави и видео снимка од настанот.

Денеска Јоци објави дека Гацов лаже за случајот, за кој тој тврди дека бил испровоциран затоа што таа го блокирала на паркинг. Во исто време, таа се обрати и до раководството на СДСМ на кои им порача дека ако продолжат да се однесуваат вака не се далеку од опозиција.

Членот на Комисијата за здравство на СДСМ, Дејан Гацов, вчера, 7 часа по мојата видео објава дека ме малтретираше на паркинг, смислил прикаска и на јавноста и’ кажал дека јас сум го следела !? И сум му ја блокирала колата 2 минути, па уште наводно и ме пријавил во полиција !?
Такво нешто нема.
Да го предупредам Гацов и да го информирам раководството на СДСМ, а и јавноста.
Јавно ги информирам. Лажни пријави се кривично дело.
На просторот има десетина видео камери, а ништо од тврдењето не е точно. Напротив се гледа како Гацов вербално провоцира кога поминувам покрај него, јас му кажувам да се тргне, а тој тргнува по мене, ми се доближува, иако чекорам кон продавницата за теписи каде намерив. Кога сфатив дека ќе влезе со мене во продавница да продолжи со расправија, јас се враќам назад, тој упорно оди по мене, по што ја вклучив камерата.
Потоа, се оддалечувам, одам до мојата кола, 100 метри подалеку, а тој влегува во својата кола и вози до мојата, се паркира на ивица на тротоар, по што јас од паркинг место на тротоар се симнувам и си одам во спротивен правец.
На мојата снимка се гледа неговата кола (сива со црвено блок светло одзади), и не само што не е блокирана, напротив вашиот член во видеото, јасно се гледа, како се сили и малтретира.
А, претходно, месеци наназад, во август и октомври, пишува навреди за мене на неколку профили, меѓу кои и кај мои пријатели. Ми препишува дијагнози, шиканира, сее лаги. Просто кажано, нема функција, и вака некако веројатно гледа да се додвори на високото раководство.
Петнаесетина минути пред настанот и снимање на видеото, го оставив мојот компјутер на поправка во друга населба. Мојот ГПС, на многу паметниот телефон, јасно регистрира дека на тоа место не сум била подолго од 5 мин., наспроти тврдењето на вашиот партиски член кој тврди дека таму сум чекала со часови.
Тој дури нема ни видео од тоа што го тврди, затоа што немаше што да сними.
Иако, јас го снимив и ништо од тоа нема на снимката.
Тој тврди како не ме познава. Тоа е точно, но се однесува за реалниот свет. Но, во виртуелниот тој ме познава и за тоа постојат пишани докази, каде својот гнев и анимозитет кон мене го изразува каде стаса. Со лаги и измислици.
Дали вие сте му дале таква директива ?
Заев, Шекеринска.
Ако мислите вашите членови од штаб, вака да се пресметуваат со луѓе кои ве критикуваат, тоа го одобрувате и мижите, можам само да ви порачам дека не сте далеку од опозиција.
Можам да ви порачам дека немате воведено никаква дисциплина, секој со дозволува се’, и вакви инциденти со непресметливи луѓе, кои лажат и се вон контрола, ќе бидат секојдневие и со многу други луѓе од јавната сцена, доколку не ставите ред во партијата.
Со вакви луѓе ќе промовирате слобода и демократија ? Со ништожност и валканици ?
Можам и да ви порачам дека може слободно партијата да нарачува гнасни текстови за мене на вашите курирски портали, да праќа луѓе да ме заплашуваат, но тоа нема да ме замолчи.
Јас пишував и во време грујово, пишувам и сега.
Луѓето ме читаа тогаш, уште повеќе сега.
Колку што ќе одминува времето, луѓето уште повеќе ќе ме читаат.
Дали тогаш ќе пратите некој да ме тепа ?
П.С: За 24 часа, видеото, каде вашиот член, стои пред мене, му велам да не оди по мене, се однесува чудно, нервозно и изгледа бледо, го погледнале околу 10.000 луѓе.
Малку да не е ? – напиша Јоци на фејсбук.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top