Во интервју за најголемата приватна бугаска телевизија македонскиот премиер Зоран Заев по кој знае кој пат продолжи со негирање на македонската историја. На прашањето на водителот дали во Македонија во учебниците пишува дали Бугарите се фашистички окупатори, Заев вели дека не пишува таква работа, но и да има, тоа треба да се смени.
– Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа. Пишувало фашистичкиот бугарски окупатор, но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично.
На прашањето дали историчарите ќе ги менуваат учебниците и фашизмот нема повеќе да се спомнува, Заев вели дека во духот на пријателството ова мора да биде некаде исправено заради тоа што постоеле различни луѓе кои добивале дозволи и ги пишуваат учебниците.
Заев, исто така, посочува дека промените со историјата настанале уште пред да се потпише договорот со Бугарија, во времето кога тој бил градоначалник во Струмица. За својот мандат како градоначалник Заев почнал да ги менува плочите на кои било напишано „бугарскиот фашистички окупатор“.
– Во Струмица имаше една плоча на која пишуваше „Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум“. Тоа е избришано и е напишано од фашистички куршум. На пример, уште многу години пред да биде договорот додека бев градоначалник на Струмица.
За да биде комплетна сликата со негирањето Заев го даде примерот со цар Самоил, но одби да каже од каде потекнува и потенцира дека цар Самоил не е ниту Македонец ниту Бугарин туку тој бил син на Господ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)