| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот на Скопје остана без парно

Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.

– Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира  колу пладне, велат од „БЕГ“.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top