| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ заглави во поплавите во Грција (видео)

Црвена Звезда утре ќе игра против Олимпијакос во Евролигата, а Перо Антиќ и неговите соиграчи се најдоа во грчката престолнина во деновите кога Атина и нејзините предградија се соочуваат со последиците од поплавата која досега однесе 15 човечки животи.

Спортскиот директор на белградскиот тим, Давор Ристовиќ, објави видео на кое се гледа со какви потешкотии се соочува автобусот со кошаркарите на Звезда кои по завршениот тренинг се обидуваат да стигнат до хотелот.

Извор: Дерби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top