| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе новиот трејлер за „Убиството на Версаче“ (видео)

После сосема кусата најава, што вистински ги заинтригира сите што со нетрпение очекуваат да ја гледаат втората сезона на American Crime Story: The Assassination of Gianni Versace, излезе нов трејлер кој открива многу повеќе.

За потсетување, Едгар Рамирез ќе биде Џани Версаче, Пенелопе Круз ќе се најде во улогата на Донатела Версаче, Рики Мартин ќе го толкува ликот на љубовникот на Џани, Антонио Д’Амико, додека Дарен Крис ќе го толкува ликот на убиецот на дизајнерот, Ендрју Кунанан.

Премиерата е закажана за 17-ти јануари 2018 година.

Првиот трејлер за серијалот за Версаче!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top