Поради обилните врнежи од дожд, водата за пиење во Кавадарци која доаѓа од регионалниот водовод Лукар е заматена. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат водата задолжително да се преврива пред пиење.
– При последното редовно мерење, констатиравме отсуство на резидуален хлор. Во координација со Јавното претпријатие „Комуналец” се започна со максимално хлорирање на водата се до норамализирање на состојбата, нагласи раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци Трајче Ризов.
Притоа додаде дека и натаму редовно ќе се следи исправноста на водата и ќе бидат земени нови мостри.
– Се до моментот додека се нормализира резидуалниот хлор во водата на сила ќе биде препораката за задолжително провривање на водата, препорака која покрај за кавадарчани важи и за жителите на Неготино и Росоман кои исто така се снабдуваат со вода од регионалниот водовод, соопшти Ризов.
Лукар е педесетина километри оддалечен од Кавадарци и се наоѓа во подножјето на планината Кожуф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)