| четврток, 6 декември 2018 |

Грубишиќ: Тозија нѐ уценуваше и ни бараше рекет за некои свои долгови (видео)

По скандалот кој изби во Македонија, се разврзува клопчето за сомнително работење на В.Д. Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Продуцентот на серијата „Македонија“, Винко Грубишиќ во изјава за Телевизија Алфа тврди дека Тозија барал рекет и вршел уцени на “Јадран филм”.

За Алфа, продуцентот истакнува дека Горјан Тозија сакал да подмири некои лични долгови. Хрватскиот продуцент потврдува дека Тозија побарал да се случат промени во серијата за истата да продолжи. Грубишиќ вели дека на 25-ти септември до Агенцијата за филм доставиле писмо во кое понудиле и финансиска гаранција дека договореното се реализира. Го повика Тозија на јавно соочување за пред македонската јавност да ги види вистинските причини за стопирањето.

Хрватската продукција Јадран филм тврди дека била изложена на директен рекет и уцени, а сето ова ги разбранува медиумите каде се појавија и слики кои ги поткрепуваат овие тврдења.

Порталот Денешен.мк објави писмо во кое се споменуваат коцкарски долгови на Тозија. Се споменува бројка од 50.000 евра. Во писмото се наведува:

-Тоа исто го знае и пола Скопје и цел Загреб. Дека Медо му должи на Борис повеќе од 100 000 долари! СТО ИЛЈАДИ ДОЛАРИ!!! Тие пари му ги дал за да не го убијат од ќотек оние на кои што им останал должен на коцка! Тоа го знаат скоро сите со кои што работел, знам и јас и повеќето од моите пријатели. И Медо на сите им раскажуваше како Борис му ја спасил главата. Беа најдобри другари. И пријателов што бил на вечерата крај Вардар, каде што јаделе и пиеле заедно, не може да поверува што сега се случува помеѓу нив. Ми кажа дека Медо сака од серијата да собере СТО ИЛЈАДИ ДОЛАРИ што ги должи приватно и плус 50 000 да земе. – стоеше во писмото кое го објави Курир.

Поради македонска историја и национализам – Тозија ја цензурира ТВ серијата „Македонија“?!

Нападот кон серијата „Македонија“ и кон „Јадран Филм“ од страна на директорот на Агенцијата за филм на Македонија, Горјан Тозија, не е поради доцење на проектот или поради финансии како што тој тврди, туку е поради наводното присуство на македонски национализам и присуството на македонска историја во филмот – тврди во писмена изјава хрватскиот продуцент Борис Грегориќ.

Тозија намерно го одолговлекуваше проектот, за подоцна да не обвини нас за одолговлекување, вели Грегориќ во неговата изјава.

Во прилог на изјавата, Грегориќ достави и „Вибер“ комуникација со Тозија, во која тој му вели дека филмскиот проект „Македонија“ може да продолжи, но од филмот треба да се исфрлат „националистички“ елементи затоа што тие и наштетувале на Македонија. За ова, во пораката која ја доставува Грегориќ, Тозија се консултирал со министерот Алаѓозовски, а ќе се консултирал и со Заев.

– Со господинот Тозија, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија се договорив да го преземам проектот како главен продуцент и дури после неговото „зелено светло“ потпишав договор со Јадран Филм и примив хонорар, во исто време тој неколку пати ме праша „дали ме платиле?“, што ми беше чуден сигнал. Целосно се невистинити тврдењата на господин Тозија дека не сме се договориле за се, особено затоа што тој лично ги договори сите термини за снимање за јас како човек од доверба на Тозија (со кого почнав да соработувам во 1980), почнам да ја снимам серијата, вели Грегориќ во писмото.

Истото го пренесуваме во целост:

Јавното обвинителство отвори и предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија.

Продуцентот на серијата „Македонија“: За разлика од Тозија, ние немаме што да криеме!

Отворени сме за соработка и ќе ги доставиме сите документи и информации поврзани со нашата работа. Сакаме да упатиме реакција на изјавата на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија кој информира на прес-конференција дека Јавното обвинителство покренало постапка за криминал во целиот проект и свесно ја изманипулира јавноста за целиот случај што покажува на неговата личност и намера во целост.

Ова вчера го истакна продуцентот на серијата „Македонија“ Винко Грубишиќ во реакција до јавноста во врска со изјавата на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој рече дека досега до Агенцијата не е пристигнат никаков продукт од серијата и не се знае каде се потрошени парите.

– Ние за разлика од Горјан Тозија немаме што да криеме и ќе соработуваме со надлежните институции, и ќе ги дадеме на располагање сите информации. Ја поздравуваме предистражната постапка со оглед дека немаме што да криеме и сме постапувале согласно законот, се наведува во реакцијата на Грубишиќ.

Според него, Тозија се сретнал со претставници на „Јадран филм“ и не само што ја договорил динамиката на продукцијата, туку и се вклучувал во именување на лица од заедничка доверба на чело на продукцијата, Борис Грегуриќ.

– Ние сме компанија која има 71-годишно искуство, која продуцирала преку стотина филмови и најскапи серии и никогаш не фалело ни еден денар. Така ќе биде и овој пат, наведува Грубишиќ во дописот до јавноста.

Како што тврди, ова е обид за компромитација на проектот од страна на Тозија и како би се запреле сите подметнувања, „Јадран филм“ службено понудил двојна гаранција за секој денар од страна на матичната компанија, како и од него лично како продуцент, тврди Грубишиќ.

Инаку, промотивното видео за серијата од пред неколку дена веќе се споделува на Јутјуб, а има историска тематика, но во исто време се испреплетува со настани од современото живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top