Најновиот филм на режисерката Фатих Акин, „Од никаде“, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан во киното „Милениум“ во рамки на фестивалот „Синедејс“.
Од никаде животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да ѝ ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја отворајќи рани и сомневања. Данило, адвокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени: млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор: таа сака правда.
Филмот е награден на Канскиот филмски фестивал за најдобра женска улога.
Во 22 часот ќе биде прикажан „Пикова дама“. На времето славната сопранистка Софија Мајер го освоила светот со својот глас, убавината и легендата што внимателно ја изградила околу себе. Сега останала само легендата – оперската дива нема настапувано со години, ниту, пак, е видена во гламурозните кругови на општеството во кое некогаш доминирала. Но жената која толку долго време го маѓепсувала и воодушевувала светот би сакала да ја круниса својата кариера со уште еден последен триумф. И ќе го искористи секој валкан трик што го знае за да ја постигне својата цел.
Во кино „Фросина“ во 19 часот ќе биде прикажан филмот „Непожелен“, а во 21 часот филмот „Надвор“.
Во 20 часот во Џебно кино ќе биде прикажан „Суперсоник“. Овој суштински и забавен поглед кон метеорскиот продор на големите „Оезис“ доаѓа од продуцентите на „Еми“, добитници на Оскар. Филмот нè нурнува во бучниот, брз, рокерски свет исполнет со електро-ера, диво развратништво и легендарната братска нетрпеливост, прикажувајќи необјавени концертни снимки со искрени интервјуа и вчудовидувачки присутното братско соперништво што претставуваше закана за иднината на бендот.
Во 22 часот ќе биде прикажан „Честа на крадецот“.
Денешниот ден на „Синедејс“ ќе заврши во МКЦ со концерт на Jaga Jazzist во 22 и 30 часот. Jaga Jazzist (познати и како Jaga) е експериментален џез-бенд од Норвешка којшто станува познат кога Би-би-си го прогласуваат A Livingroom Hush (Smalltown Supersound/NinjaTune) за најдобар џез-албум за 2002 година.
Стануваат еден вид музички феномен во Норвешка за 20 години откако постојат. Џез, техно и прогресив рок, зачинето со мигови на филигранска прецизност, но доволно интензивно да ја размрда публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)