Најмалку 15 лица загинаа во обилните врнежи од дожд кои поплавија три градови во соседна Грција. Седумнаесет лица се повредени, а има и голем број на пријавели исчезнати луѓе во поплавите.
Премиерот Алексис Ципрас денешниот ден го прогласи за национален Ден на жалост.
– Ова се тешки моменти за земјата, ова е голема катастрофа, истакнал тој.
Од загинатите 10 лица се мажи, а пет жени. 11 лица се регистирирани како повредени во реонот околку Атина, јавува новинската агенција АНА повеикувајќи се на информации од Генералниот секретариат за цивилна заштита.
Многу луѓе останале без кров над глава откако водената стихија ги поплавила местата Неа Перамос и Мандра, два града на крајбрежјето западно од грчката престолнина, по обилните врнежи кои го зафатиле регинотот уште од вторникот.
– Ова е библиска несреќа, за неколку часа исчезна се, изјавила градоначалничката на Мандра, Јана Киркиу за телевизијата ЕРТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)