Вчера околу 22:10 часот на булеварот „Партизански одреди“ се случи тешка сообраќајна несреќа спроти Силбо.
Очевидци за 24Вести велат дека се слушнал силен тресок по што се симнале долу за да им укажат помош на евентуално повредените и сведочат од ударот.
-Возилата се оштетени, а Брзата помош пристигнала за многу кратко време. По судирот на двете возила кои возеле со голема брзина, eдното од нив завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка и соборил еден од билбордите. За среќа, оваа сообраќајка заврши без жртви, јавува телевизијата.
Очевидец тврди дека глетката била страшна.
-Слушнавме последователни удари кои беа многу звучни и поради тоа излеговме од зградите во кои што живееме за да видиме што се случило. Видовме дека има повеќе возила удрени од кои едно удрило во друго возило, па во билбордот….Глетката е шокантна бидејќи како што изгледа се повеќе возила, скршен билборд, делуваше шокантно за нас. Се надеваме дека возачот ќе биде во ред, вели сведок за 24Вести.
Едно од лицата кое упрвувало со возилото е повредено и пренесено во болница. Полициските служби излегоа на терен и се врши увид на настанот.
Еве што остана од автомобилот кој учествуваше синоќа во сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)