| четврток, 6 декември 2018 |

Страдањето го пренела на хартија – дневникот на Јелена го открива убиецот?

Непосредно по убиството на Јелена Марјановиќ во април 2016 година, полицијата во куќата во која живеела, запленила четири тетратки во кои несреќната жена ги бележела своите песни, но и ги опишувала односите со мажот и членовите на неговото семејство.

Ова е веројатно последната необјавена тајна од истрагата на злосторството за кое зборува цела Србија и регионот повеќе од 19 месеци.

Со преглед на овие тетратки, инспекторите добиле детален увид во однсосот на Јелена со мажот Зоран и неговите родители и брат со кои живеела, што дополнитлено фрлило сомнеж на нив како осомничени за убиство. Полициските извори објаснуваат дека тетратките не Јелена не се класични дневници.

-Јелена запишувала различни песни, главно љубовни, кои веројатно ги смислувала за некои од нејзниите идни албуми. Меѓутоа, има и различни тажни мисли, кои укажуваат на тоа дека не и било се во ред во животот. На неколку места ги опишала бурните караници со Зоран и другите домашни. Пишувала за тоа како ја бркале од дома и како морала да спие во студиото- рекол извор од истрагата.

Тој додал дека тетратките на Јелена се внимателно анализирани. Ангажирани се и графолози и психолози, кои работат на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top