Високите температури и престојот на отворено и во парковите доведе до нескани средби со многубројните инсекти. За само една недела 60 лица побарале помош од Инфективното одделение поради убод од крлеж, пренесува „Здравство24“.
За среќа, инфектолозите велат дека сите пациенти биле само амбулантски третирани и веднаш биле пуштени дома.
Според инфектолозите, ова е вообичаен период кога примаат вакви пациенти кои ги има од сите возрасти, па затоа и Министерството за здравство уште пред 2 месеци излезе со препораки за заштита од крлежи – носење долга облека при престој во шума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.