Новиот ирански претседател Хасан Рохани во својот прв говор најави „нова ера“ во земјата. Рохани сака да оди по патот на „умереност и праведност, а не на екстремизам“.
Хасан Рохани на првата прес-конференција по изборот даде уверување дека нема да ги заборави предизборните ветувања.
– Но, она што веќе сега можам да го кажам е дека времето на тагување е минато. Земјата не смее да се кочи со политиката од изминатите години. Иран почна ново поглавје на умереност – нагласи Рохани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.