| четврток, 6 декември 2018 |

Алфа ги открива лицата кои фигурираат како сопственици на „Омерта“ (видео)

Емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа открива кои се лицата кои фигурираат како сопственици на „Омерта секјурити“ фамозната агенција за обезбедување која забрзано го освојува пазарот. Според податоците од Централениот регистар „Омерта“ е основана на 21 јуни 2017 година со адреса во скопска Гази Баба, од страна на Александар Темелковски, а управител Александра Лазиќ, која според фотографиите објавени на нејзиниот инстаграм профил е во блиски односи со Р.Т., човекот кој беше посочуван од јавноста и медиумите како убиец на младиот Мартин Јанушев.

Според податоците од Централен регистар Трајковски не е сопственик со агенцијата, но според сликите кои може да се видат на социјална мрежа „Инстаграм“ Трајковски е во блиски односи со управителката Лазиќ. Трајковски не одговорил на повиците на „Несомнено“ за интервју, да одговори на гласините дали истиот е сопственик во сенка на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“.

Дали Трајковски е сопственик од сенка на агенцијата? Каква е нејзината врска со актуелната власт се прашања кои што уште лебдат во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top