| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку: Мартинез ме тераше да гледам видеа од тројца напаѓачи и да учам од нив

Ромелу Лукаку синоќа го постигна единствениот гол во пријателскиот меч кој го одиграа Белгија и Јапонија во Бриж, а со овој погодок напаѓачот на Манчестер Јунајтед стана најдобриот голгетер во историјата на белгискиот фудбал.

Тој стигна до бројката од 31 погодок на само 24-годишна возраст и на тој начин ги остави зад себе на вечната листа легендарните Белгијци Пол Ван Химст и Бернард Вурхоф. За ваквиот учинок робусниот напаѓач смета дека голема заслуга има актуелниот селектор кој всушност неколку години му беше тренер и во Евертон.

Тој откри дека од Роберто Мартинез добивал препораки да гледа видеа од тројца напаѓачи за подобрување на движењата и ефикасноста.

– Роберто Мартинез ме тераше да гледам видеа од напаѓачи кои се смртоносни во шеснаесетникот. Морав да гледам видеа од Чичарито, Уго Санчез и Кавани за да ги подобрам моите движења и за да станам подобар голгетер, открива Лукаку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top