Манчестер јунајтед и официјално го потврди трансферот на Ромел Лукаку во своите редови! Втор најголем трансфер во историјата за вкупна сума од околу 102 милиони евра!
Во кратката порака на Јунајтед се наведува дека е постигнат договор со Евертон околу цената и остануваат само уште лекарските прегледи и потпишувањето на договорот со фудбалерот.
Како што е познато, Челси синоќа се обиде да ја расипе работата на Јунајтед изедначувајќи ја понудата од 85 милиони евра, но веќе беше доцна. Евертон се договор со тимот на Жозе Мурињо, кој ја подигна цената со дополнување на бонус од 17 милиони евра за Евертон, во зависност од ефектот на Лукаку во дресот на „црвените ѓаволи“. Сето тоа за вкупна трансферка сума од 102 милиони евра!
Но, и тоа не е се. Некои извори од Островот потврдуваат дека договорено е во спротивен правец да оди Вејн Руни кој ќе потпише двегодишен договор со Евертон.
Лукаку во моментов се наоѓа во Лос Анѓелес каде ќе ги заврши лекарските прегледи и ќе се приклучи на Манчестер јунајтед кој стигнува на подготовки во САД.
Трансферот го потврди и самиот Лукаку со видео на официјалниот Инстаграм профил на Пол Погба од Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)