| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед подобар од Сити во првата градска пресметка оваа сезона (видео)

Манчестер Јунајтед е победникот на првото градско дерби во предсезоната, откако ноќва во Хјустон го совлада Манчестер Сити со 2-0 (2-0). Двата менаџери Мурињо и Гвардиола им дадоа шанса на скоро сите фудбалери, а одлуката за победникот падна во интервал од само две минути.

Се играше 37. минута кога скапото засилување Ромелу Лукаку го отвори резултатот по грешната проценка на Едерсон (1-0). Граѓаните не се ни созедоа, а Маркус Рашфорд во 39. минута реализираше контра напад за 2-0. Иако до крајот двете екипи имаа многу шанси, резултатот не се менуваше.

Покрај Лукаку, Мурињо му даде доверба и на Линделоф, а кај Сити со многу грешки меѓу стативите дебитираше Едерсон. Двете екипи ќе одиграат уште неколку тест мечеви, а в недела навечер Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Реал Мадрид во најава за Суперкупот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top