| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот од кој Трамп ќе владее во случај на нуклеарна војна (видео)


Доколку има нуклеарен напад, за претседателот на САД, Доналд Трамп, е обезбеден специјално дизајниран авион, кој инаку постојано го следи авионот „Ер форс 1“, од каде што во случај на нуклеарна војна би издавал наредби.

Официјално е познат како „Национален центар за воздушни операции“.

Овој „боинг Е-4Б“ чини 250 милиони долари, а еден час работа на ова летало чини 160.000 долари.

Авионот има широк спектар одбранбени механизми, вклучувајќи ја и способноста да издржи напад со електромагнетни импулси.

Екипажот користи традиционални аналогни инструменти во кокпитот бидејќи тие се помалку подложни на сајбер-напади.

Иако авионот технички не е тајна, тој е најбезбедно место за претседател на САД во случај на нуклеарна војна.

За разлика од церемонијалниот и удобен авион, „Ер форс 1“, главната просторија на овој авион е воен штаб во кој седат десетици воени аналитичари, стратези и асистент за комуникација.

Исто така, авионот поседува посебна опрема, како што е антена долга осум километри, за претседателот да може да останете во контакт со флотата нуклеарни подморници и по уништувањето на комуникациите на Земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top