| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија е дел од двете главни рути за шверц на хероин во Европа

Македонија е дел од двете главни рути за шверц на хероин во Европа, се вели во извештај на на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), агенција на Европската унија, за 2017 година.

Првата рута за шеврц на хероин е Турција-Бугарија-Македонија-Албанија, а втората Турција Бугарија-Македонија-Косово-Албанија.

Според податоците на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), хероинот, во најголем дел, се транспортира со камиони, автобуси, автомобили, но и на други начини.

Понатака, агенцијата на ЕУ во својот изветај наведува дека Албанија е земја најголем произведувач на канабис во регионот. Според ЕМЦДДА, главни конусменти на албанскиот канабис се нејзините соседни држави во западен Балкан, но и земјите од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top