| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи остана без Светско: Буфон не можеше да ги скрие солзите по елиминацијата (видео)

Фудбалерите на Италија на „Сан Сиро“ не успеаја да постигнат гол против Шведска и останаа без Мундијалот, кој наредната година ќе се одржи во Русија. За „азурите“ тоа ќе биде третпат во историјата да бидат без настап на Светско првенство, а првпат по далечната 1958 година.

Воедно, овој натпревар е еден вид и неславен крај за легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој најавуваше фудбалска пензија, по завршувањето на Светското првенство во Русија. По натпреварот, тој не можеше да го сокрие разочарувањето, а воедно го надвладеаја и емоциите, па со солзи во очите го најави својот крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top