| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени во последен час: 19 Срби се изгубиле на Шар Планина, македонски планинари ги пронашле (видео)

Деветнаесет српски државјани се загубиле на Љуботен. Цели 18 часа тие беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла.

Седум македонски планинари тргнале да ги бараат низ Шар Планина, за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат.

Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top