| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозно чудовиште пронајдено во водите во Португалија (видео)

По близина на португалскиот брег, во областа Алгарва, локалните рибари успеале да уловат мистериозна ајкула која научниците ја нарекуваат „жив фосил“.

Морското чудовиште кое според биолозите не се променило во последните 80 милиони години, има повеќе од 300 заби остри како жилет.

Научниците велат дека „чудовиштето“ долго еден и пол метар се движи како змија и дека многу малку се знае за оваа ајкула бидејќи ретко може да се види и проучува.

Живее на многу големи длабочини во водите на Атлантскиот Океан, како и во морињата околу Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top