Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан на која Бугарија ќе ѝ предложи билатерално укинување на роамингот, а веќе подготвениот меморандум може да биде потпишан на заедничката седница на двете влади на 23 ноември во Струмица.
Тоа го најави бугарскиот министер за Ивајло Московски, според кој со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете земји. Според него, реално е да се очекува укинување на роамингот меѓу Бугарија и западнобалканските држави за време на нејзиното претседавање со Европска унија во првата половина на 2018 година.
Московски нагласува дека станува збор за договори на државно ниво, а не на европско, бидејќи второто ќе одземе повеќе време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.