| четврток, 6 декември 2018 |

Од први јули поевтин роаминг на Балканот

Цените во роаминг на четирите земји од Балканот, Република Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ ќе продолжат да паѓаат. Корисниците од 1 јули годинава ќе добијат можност за уште пониски цени во роаминг, кои повторно ќе се намалат според договорот за постепено намалување на максималните цени што може да ги постават мобилните оператори.

Потврда стигна и од Владица Тинтор, директорот на Регулаторната агенција за електронски комуникации на Србија (РАТЕЛ) за време на четвриот собир на телекомуникациски оператори.

– Интересно е што порасна и употребата на мобилен интеренет и пренос на податоци во последните две години за 200 насто што е извонреден резултат. Уште едно намалување на роамингот ќе имаме од 1 јули, а за наредно намалување на цените ќе мора да има нова согласност од четирите земји – рече Тинтор.

Договорот беше потпишан во 2015 година на иницијатива на националните тела за регулација на телекомуникациите, меѓу кои и македонската АЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top