| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонија на чекор до независност од Шпанија

CATALONIA

Новоизбраниот Парламент на шпанската област Каталонија усвои декларација за суверенитет, што е само еден чекор пред одржување на референдум за независност од  Шпанија.

Незадолжителната и во голем степен симболична резолуција, во која се вели дека жителите на Каталонија имаат демократско право да го определат суверенитетот, беше усвоена во 135-члениот Парламент со 85 гласови „за“, „41“ против и двајца воздржани.

Двајца пратеници отсуствуваа, а петмина одбија да гласаат.

Декларацијата беше поднесена и поддржана од владејачката партија „Конвергенција и сојуз“ и левата сепаратистичка Републиканска левица.

Двете партии сакаат да организираат референдум за независност на Каталонија од Шпанија во 2014 година.

Владата на премиерот Маријано Рахој веќе соопшти дека ќе оспори на уставна основа секој обид за организирање референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top