| четврток, 6 декември 2018 |

ПМ 10 честиците повторно напаѓаат: Битолчани и скопјани се гушат

Високо ниво на загаденост на воздухот беше измерено и денеска во многу општини низ целата земја.

Вечерва според податоците најмногу се гушат Битола и Скопје каде што концентрација на ПМ 10 честиците се на високо ниво.

Во Битола тие изнесуваат 340 мг/м3, додека во Скопско лисиче тие изнесуваат 228 мг/м3.

А освен во овие градови мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се на високо ниво и во Тетово, Карпош и Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top