| четврток, 6 декември 2018 |

Неофашист изврши напад врз новинар од телевизијата „РАИ“ (Видео)

Лицето Роберто Спада изврши напад врз новинар од италијанската телевизија „РАИ“ при интервју во Остија.

Новинарот правел интервју во Остија, откако неофашистичкото и антимигрантското движење Казапаунд оствари голема победа на изборите што беа одржани во неделата во Остија.

Неговиот соговорник, Спада, кој изрази поддршка за движењето, изненадно го прекина разговорот и на новинарот му зададе неколку удари во пределот на главата, а потоа почна да го следи со стап.

Благодарение на видеата кои ги направил камерманот од „РАИ“, напаѓачот е уапсен.

Казапаунд се огради од случајот со Спада и побара целосна истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top