Фудбалерите на Швајцарија забелажаа значајна победа на гостувањето кај Северна Ирска во првиот бараж дуел за пласман на Светското првество во Русија 2018 година.
Швајцарците до минималната победа од 0-1 стигнаа благодарение на крајно сомнителниот пенал, кој го искористи Родригез во второто полувреме.
Во 58.минута, по ударот на Шакири, топката која одеше кон домашниот гол заврши во рамото на Кори Еванс, а романскиот судија Хатеган покажа на белата точка. На сите повторени снимки кои беа прикажани потоа јасно можеше да се види дека не станува збор за никаков пенал.
Ситуацијата потсетува на онаа од 2009 година кога судиите и подарија гол на Франција со тоа што не видоа очигледно играње на Тиери Анри со рака, а со тоа ја скратија Република Ирска за настап на Светското првенство во Јужна Африка.
Реаванш натпреварот Швајцарија и Северна Ирска ќе го одиграат во недела (12 ноември). Швајцариците ќе имаат натпревар на домашен терен и предност од еден гол на гости, што ги прави голем фаворит пред С.Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)