| четврток, 6 декември 2018 |

Има 37 години и 38 деца (Видео)

37 годишната Маријам Набатанзи Бабирје од селото Кабимири во Уганда досега има роден 38 здрави деца, а сите се зачнати со исти маж.

Комшиите поради оваа случка на Маријам и дале надимак “Nalongo Muzala Bana” што значи мајка која што раѓа четворки.

Маријам досега има родено 6 пати близнаци, 4 пати тројка и три пати четворка, а само два пати останала бремена само со едно дете. Маријам кажува дека оваа нејзина појава е наследна и дека плодноста ја наследила од својот татко кој што во својот живот имал дури 45 деца, но со различни жени.

– Таа има генетска наклонетост кон хиперовулација, при која што се создаваат неколку јајчани ќелии во еден исти циклус. ПОради тоа зголемени се шансите таа да забремени со близнаци – изјавил Д-р Чарлс Кигунду.

Таа кажува дека неколку пати побарала помош од докторите за нејзината плодност , но тие и рекле дека поради нејзината хиперовулација неможат да и дадат хормонални контрацептивни средства, бидејќи тоа би можело лошо да делува на нејзиниот организам.

– Моментално живеам со 21 дете. Неколку од моите деца ги посвоија семејства кои што неможат да имаат деца, а другите живеат со нашите роднини затоа што неможеме сами да ги прехраниме. – изјавила Маријам.

Инаку Маријам има родено 10 девојчиња и 28 момчиња, од кои што најстарото дете е 23 години, а најмладото 4 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top