| четврток, 6 декември 2018 |

Захарова: Москва не му спрема атентат на Заев (Видео)

За Русија изјавата на Македонскиот премиер со која се најавува одговор на Москва на македонскиот влез во НАТО е штетна.

За Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјавата на Заев е дел од апсурдните вести кои што доаѓаат од светот во Москва. Сугестијата македонскиот премиер дека Русија му подготвува атентат е „неоснована инсинуација што им штети на билатералните односи“.

Заев: Очекувам жестока реакција од Русија затоа што сакаме во НАТО

– Сметаме дека ваквите изјави се неосновани и ние овие американски фрази ги сметаме за обид за публицитет и како обид за напад на односите меѓу Македонија и Русија. Ваквите хорор приказни се обид за покривање на инволвираноста на балканскака земја во НАТО затоа што тие не се во алијансата се уште. Токму поради тоа во Македонија беше испровоцирана политчката криза. Русија никогаш не се мешаше во внатрешнтие работи на Република Македонија.

Според Захарова наводите на Заев во интервју за црногорска Прва телевизија од 5 ноември дека аналитичари го предупредиле оти по Мило Ѓукановиќ сега тој е на ред да се обидат да го ликвидираат „повеќе личат на рекламна кампања на некој што сака да се претстави како жртва“.

Гласноговорничката на руското МНР реакциајта за Македонија ја објавии на Твитер“ каде порача: „Изјавите како таа на македонскиот премиер Зоран Заев се штетни за руско-македонските односи и се во спротивност со декларираната подготвеност на Скопје да промовира конструктивни врски со нашата земја“.

На одговорот од Москва, преку соопштение се јави и Владата на Република Македонија, каде нагласуваат дека Зоран Заев во интервјуто за црногорскиот медиум во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со Руската Федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top