Играчот на Челзи, Цеск Фабрегас е многу популарен кај женскиот пол и дневно добива многу „непристојни понуди“ на социјалните мрежи, а една од нив предизвика големо внимание во медиумите.
Имено, една обожавателка му предложи на Шпанецот да поминат ноќ заедно, а Фабрегасодговори на шмекерски начин и јасно стави до знаење која е најважната жена во неговиот живот.
„Би било неверојатно ако поминеме една ноќ заедно. Што мислиш за тоа?“, напиша обожавателката.
„Не, благодарам. Мојата сопруга е милји пред сите“, одговори Фабрегас.

Шпанецот е веќе 5 години во брак со 15 години повозрасната Даниела Семан со која има три деца.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


