Денеска на битолскиот плоштад „Магнолија“, битолчани беа изненадени од поставените билборди кои според она што пишува на нив, психолошки ги подготвуваат граѓаните на Битола за доаѓањето на нивните идни нови сограѓани.
Проектот е на претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации во Скопје, а го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје.
Проектот има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби. Инсталацијата во јавен простор која се состои од неколку различни елементи поставени на плоштадот „Магнолија“ во Битола, ќе биде изложена три дена преку билборди на кои пишува „Солидарност на дело“ и „Колку боли разрушен дом“.
Битолчани се изненадени од овој потег на невладините организации, со оглед на тоа што СДСМ како апсолутна власт, ветуваше дека нема да има мигрантски кампови во Битола, но сите дела кои ги правеа изминативе 5 месеци наведуваа на резултат како денешниот.
Во август оваа година, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Благој Шаклевски на Фејсбук напиша дека советниците од СДСМ одбиле да дискутираат неприфаќање на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, а после тоа ја напуштиле и седницата.
На сето ова министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, која во Битола ненајавено учествуваше како гостин на седница на Советот на општината. Таа тогаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека шири ксенофобија и лажни вести.
На истата седница на која присуствуваше и Царовска, советниците на СДСМ во општина Битола гласаа ЗА мигрантски населби во градот на конзулите, односно гласаа против референдум во нивната општина. Со ова ти е се согласија за населување а мигранти во Македонија и за изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.
Меѓутоа, сето ова го поби нејзиниот сопартиец, пратеникот Васко Ковачевски на собраниската говорница изјавувајќи дека кај Меџитлија (битолско) ќе има прифатен центар за бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра