| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон: Кој ќе го остави своето куче ќе плати казна

kuce vo trolejbus

Во првите четири месеци од 2013 година биле заловени вкупно 803 кучиња од кои 493 биле вратени на местото на заловувањето, 133 биле вдомени, додека 177 кучиња биле еутанизирани, говорат податоците на Град Скопје.
Во текот на 2012 година, пак,  заловени се вкупно 2459 кучиња од кои 1641 кучиња биле вратени на местото на заловување, 239 кучиња биле вдомени, додека 578 кучиња биле еутаназирани.
Градот преку ЈП „Комунална хигиена“ се обидува да го контролира бројот на кучиња скитници така што теренски работници ги заловуваат кучињата, ги трнапортираат до стационарите каде им се даваат медицински третмани при што здравите ги стерелизираат, додека агресивните и болните ги еутаназираат. Оние единки кои ќе бидат здравствено погодни се оставаат извесен период во стационарот со можност некој да ги вдоми, а потоа се враќаат на локациите каде биле заловени.
Службите се жалат дека при заловувањето често работата им ја попречуваат граѓани кои се противат на ситуацијата кучињата да бидат одвлечени во стационарот. Многу често, велат оттаму, вработените се соочуваат со проблеми и притисоци, а неколку пати биле и физички напаѓани при што биле принидени да побараат и полициска интервенција.
„Посебен проблем претставуваат тн. „напуштени домашни миленици“ или кучиња оставени од страна на нивните сопственици. Воглавно овие животни се агресивни од причина што се одгледани и пораснале во домашен амбиент и ненавикнати на околината, која за нив е непозната, стануваат агресивни. Докажано е дека најголем број на напади врз луѓето потекнуваат од овие кучиња“, се наведува во информацијата на Град Скопје за која Советот на општината треба денеска да расправа.|
Агенција за храна и ветеринарство подготвува измени на Правилникот за регистрација на домашните миленици, со што сопствениците ќе бидат обврзани да ги регистрираат. Во иднина, со овие измени, сопственикот на кучето кое е напуштено преку регистарот ќе може да се лоцира и да се казни. На овој начин, велат од Град Скопје, граѓаните поретко ќе ги напуштаат своите кучиња со што ќе се намали бројот на кучиња скитници како и бројот на напади врз луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top