Скопјани уште една ноќ дишеа отровен воздух. Мерните станици покажаа дека синоќа концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот речиси во сите скопски општини беше над максимално дозволените граници. Црниот рекорд повторно го држи скопско Ново Лисиче, 5 пати над дозволеното. Реакцијата на властите е се уште на ниво на препораки и планови за во иднина, но не и конкретна акција сега.
За новиот градоначалник Шилегов идејата во најзагадените градови да се вози пар-непар по принципот на други градови била лоша. За од почетокот на идната година предлага воведување на таканаречени еко налепници. Според планот посебно ќе бидат обележани возилата кои најмногу го загадуваат воздухот, па тие нема да можат да се движат низ градот во деновивте кога имаме загадување, што во пракса е речиси секој ден.
Чекајќи мерките најавени за следната години граѓаните ги наполнија амбулантите. Најмногу од загадениот воздух страат децата, хорнично болните и постарите лица. Лекарите велат дека и покрај одбранбените механизми на организмот на човекот, отровните честички го оштетуваат респираторниот систем.
Во меѓувреме бројни реакции стигнуваат по одлуката на Владата да се укине денот на дрвот, акција во која изминативе години низ земјава се садеа милини садници. Велат дека ваквата одлука секако не оди во прилог на борбата против аеро-загадувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)