| четврток, 6 декември 2018 |

Жена се обложувала на тимови кои и звучат убаво- добила 600.000 фунти

Обложувачите понекогаш трошат премногу време на тоа во каква форма се играчите, кога тимот на кој сакаат да вложат пари последен пат победил на гостински терен, кога последен пат им е досуден пенал, дали некој од носителите на играта е повреден… А и покрај се најчесто ливчето е изгубено.

Но, затоа жената може да оддаде на интуицијата. Така една Британка сакала минатиот викенд да им покаже на сопругот и синот како се игра спортска. Отишла во обложувалница, го земала билтенот, ги погледнала паровите и ги одиграла оние тимови чие име и „звучеле убаво“. Вложила една фунта, една единствена, а системот на обложување кој го одбрала и донел ни помалку ни повеќе 574.278,41 фунти.

Да биде работата уште подраматична, оваа домаќинка во 92 минута чекала на натпреварот Бурнмаут-Њукасл, Стив Кук да постигне гол за Бурнмаут.

Од обложувалницата во Лејсдаун, британското гратче каде живее оваа среќничка, порачаа дека ова не и епрв пат да ги составува вака ливчињата.

-Права женска интуиција, но неверојатно е како успеа се да погоди. Мило ми е поради неа и нејзиното семејство, ќе имаат преубав Божиќ, кажа вработена во обложувалницата.

Ви го презентираме добитничкото ливче, а тајната е во зборовотите: Барнли, Брајтон, Болтон, Барнсли, Ридинг, Хадерсфилд, Ипсвич, Бартон, Нотингем, Бурнмаут… и двата Шефилди.

Саутемптон-Барнли 0:1

Свонси-Брајтон 0:1

Астон Вила-Шефилд Венсдеј 1:2

Болтон-Норвич 2:1

Барнсли-Бирмингем 2:0

Дерби-Ридинг 2:4

Хадерсфилд-ВБА 1:0

Ипсвич-Престон 3:0

Милвол-Бартон 0:1

Нотингем-КПР 4:0

Шефилд Јунајтед-Хал 4:1

Њукасл-Бурнмаут 0:1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top