Дописникот на Бугарија за радио Би-Би-Си побарал македонско државјанство. Според грчките медиуми кои ја објавија информацијата, поранешниот дописник на радио Би-Би-Си во Софија, Христо Казашки бил разочаран од животот во Бугарија. Избрал нестандардна форма на протест и одлучил да побара македонско државјанство, објавуваат бугарските и грчките медиуми.
– Изгубив верба дека во блиска иднина Бугарија ја очекуваат добри работи. Нацијата се топи како снег на топло време и младите земаат билет во еден правец за надвор од земјата. Турција не ми одговара затоа што сум христијанин, Грција и Романија не ми се допаѓаат, а најблиска ми е Македонија. Минатата година бев во Охрид, Скопје и Битола, и таму ми се допаѓа. Минималната пензија кај нас е 150 лева, а во Македонија 140 евра. Горивото А95 тука е околу 270 лева а таму 220. Тие не претекнаа во секој поглед -рекол новинарот за бугарските медиуми.
Според некои медиуми, Казашки му пишал на македонскиот премиер со цел да се реши прашањето за неговото државјнаство. Тој наводно добил ветување дека за две седмици ќе стане Македонец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


