| четврток, 6 декември 2018 |

„Неделата на гордоста“ во Скопје, ама не и геј парада

Stonewall RiotsПарада низ центарот на Скопје нема да има, децидни се од коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. По најавите за парада низ Скопје, „Република“ се обрати до здруженијата од каде велат дека недела на гордоста ќе се оддржи во Скопје, но со активности кои што и до сега ги имаа здруженијата од  ЛГБТ заедницата.

-Коалицијата ниту некогаш најавила, ниту пак ќе организира парада. Неделата на гордоста што ја организираме е од 22 до 27 јуни, која е во контекст на светското одбележување на „Stonewall riots“ (спонтаните демонстрации на членови на хомосексуалната заедница во 1969 во Њујорк, што се смета за највлијателен настан во борбата за хомосексуалните права). Во рамки на оваа недела преку организирање на дискусии, дебати и филмски проекции ќе отвориме неколку важни теми кои ја засегаат популацијата, а главен фокусе ставен на прашањата поврзани со дискриминацијата, говорот на омраза и стигмата кон лицата кои живеат со ХИВ, посочува Славчо Димитров од коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top