| четврток, 6 декември 2018 |

Белград под полициска опсада (ФOTO)

Центарот на Белград е блокиран од припадниците на Жандармеријата, кои се под полна опрема, за да им обезбедат безбедна прошетка на учесниците на Парадата на гордоста. На улиците има и борбени полициски возила.

Линиите на градскиот превоз кои водат во центарот на градот се изместени и возат по изменети траси.

Исто така блокирано е и платото пред Собранието на градот и Народното собрание.

Организаторите на Парадата на гордоста соопштија дека прошетката низ централните градски улици денеска ќе биде одржана како што е планирано. Собирањето на учесниците почнува во 11:30 часот.

Доцна синоќа е завршен протестот против парадата, а за денеска во 16 часот е најавено ново собирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top