Настанот се држи во тајност поради безбедносни причини, но организаторот НВО „ЛГБТ Форум Прогрес“ неколку денови наназад со поддршка на полицијата и локалната самоуправа подготвува геј-перформанс кој ќе биде одржан во метрополата на туризмот, Будва.
Будва е избрана како локација поради екот на туристичката сезона и големиот број припадници на ЛГБТ заедницата кои летуваат во овој град.
Поради безбедноста на учесниците, за сега точниот датум и локацијата не се откриени.
Настанот освен уметничка ќе има и општествено-ангажирана улога. Влијателни политичари, како локални така и државни, ќе говорат на собирот во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата.
Иако подготовката е во тајност, околу настанот добро е запознаена и Општина Будва. Тие дале поддршка за одржувањето на манифестацијата, и се согласиле да молчат во поглед на информациите кон јавноста, пренесува „Вијести“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.