| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо мака мачи со синот: Цело време игра фудбал, не можам да го натерам ниту да јаде

Кристијано Роналдо зборува за татковството, за зависноста на неговиот син од фудбал, приказната е многу слична на неговата.

Мајката на Кристијано Роналдо, Долерес Авеиро еднаш зборуваше за зависноста на нејзиниот син од фудбалот. Неговиот татко велеше дека ѕвездата на Реал Мадрид прескокнувал оброци, дури и заборавал да ги напише домашните задачи за на училиште.

Историјата се повторува, па сега 32-годишниот Роналдо ги има истите проблеми со својот син како што ги имале неговите родители со него.

– Тој го сака фудбалот и игра цело време. Често ми е тешко да го натерам да седне и да вечераме бидејќи секогаш е надвор и ја шутира топката. Мислам дека тоа е во неговата крв – вели Роналдо.

– Тој е многу љубезно момче, внимателен, пријателски, покажува почит и многу е отворен со луѓе. Сите кои ќе го запознаат се изненадени од неговата самодоверба. Тоа ме прави многу горд татко. Да се биде татко е посебна и лична авантура, нешто што комплетно ме промени. Ме научи работи за љубовта за кои никогаш не сум знаел дека постојат. Ми даде поинаква перспектива за тоа што е вистински важно во мојот живот. Да бидам татко и да гледам како мојата фамилија расте е без сомнение најголемата привилегија која сум ја имал – изјавил Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top