| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја совлада Швајцарија на стартот од квалификациите

Македонската репрезентација до 19 години со победа ги започна натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство.

На средбата од петтата група чиј домаќин е Скопје, македонските фудбалери ја победија Швајцарија со 2-1 иако на полувремето губеа со 0-1.

Швајцарците комплетно доминираа во првото полувреме, па преку Филип Угриниќ во 33.минута поведоа со 1-0.

Во вториот дел избраниците на Вујадин Станојковиќ заиграат многу поквалитетно, па во 56.минута преку Трајановски израмнија на 1-1. Само пет минути подоцна беше досуден пенал за црвено-жолтите кој го реализира Атанасов за победа на Македонија од 2-1.

Во вториот меч од оваа група Белгија го совлада Лихтенштајн со 3-0. Токму Белгија ќе биде следниот противник на македонските јуниорои во натпреварот кој ќе се игра во сабота (11 ноември) од 13 часот на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.

Во последното 3.коло, Македонија ќе игра против Лихтенштајн на 14 ноември.

Пласман во Елитната група ќе обезбедат двете прво пласирани селекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top