Научниците во подморницата “Blue Planet 2”, навистина искусиле како е да се биде опкружен од неколку џиновски ајкули, кои воопшто не биле среќни што ги гледаат.
На длабочина од 750 метри, истражувачката подморница следела труп на кит кој некое време пловел на површината на Атлантскиот океан.
Кога дошле до местото каде трупот на китот потонал, затекнале голем број на џиновски ајкули “Hexanchus griseus”, кои можат да пораснат до осум метри во должина.
Поради големата конкуренција, станале поагресивни, се напаѓале меѓусебно, а не биле ни премногу среќни поради присуството на подморницата.
На научниците не им било сеедно, но ајкулите набрзо сфатиле дека подморницата не претставува конкуренција, па се вратиле на својата гозба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


