Италијанските власти покренаа истрага за смртта на 26 тинејџерки чии тела во неделата биле пронајдени во Средоземното Море.
Како што објавија италијанските медиуми, се верува дека девојките биле на возраст од 14 до 18 години и дека тие биле мигрантки кои бегале од Нигер и Нигерија и преку Либија се упатиле кон Европа.
Лорена Сичоти, шефица на полицијата во Салерно, каде што биле пренесени телата.
За Си-ен-ен навела дека ќе биде извршена обдукција и дека ќе биде истражено дали девојките биле мачени или сексуално малтретирани.
Спасувачите кои наишле на стравичната сцена рекле дека преживеаните девојки се држеле за остатоци од гумен чамец, а телата на починатите пловеле околу нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)